Нов тренер за Митревски, Андерсон замина од Порто

Македонскиот голман Никола Митревски претстојната сезона ќе има нов прв тренер во екипата. Португалскиот шампион Порто денеска објави дека спогодбено е раскинат договорот со Магнус Андерсон, една година порано од неговиот истек. Андерсон го водеше Порто од 2018 година. 

Нов тренер на Порто е поранешната португалска ѕвезда Карлос Ресенде. Тој беше тренер на Порто од 2006 до 2009, потоа ја презема Брага и таму беше од 2011 до 2017, за потоа да премине во Бенфика каде беше тренер до 2020.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk