Женската јуниорска репрезентација на Македонија продолжи да реди порази на ЕХФ Еуро У19. Денеска во последното коло од групната фаза на разигрување, Македонија беше поразена и од репрезентацијата на Србија со резултат 19-30 (8-14)
Овие резултати на македонскиот тим не се пријатни, но не се ниту изненадување, ако реално ја погледнеме комплетната состојба особено на клупски план кај нас.
Загрижувачки момент, секако е тоа што денешниот меч најлесно го загубивме, а за противник имавме условно и резултатски една од послабите репрезентации на првенството.
Сѐ беше решено уште во првото полувреме. Сѐ беше решено во првите 10 минути од мечот. Период во кој противникот поведе со 7-1. Потоа се воспостави ритам во кој Македонија, реално, не беше опасност за намалување на резултатот.
Разликата речиси без варирање остана до крајот на првиот дел (14-8).
Слично беше сценариото по кое се играше и во вториот дел. По десетина минути, Србија имаше прв пат плус 10 (19-9), а потоа се продолжи со ритамот што им одговараше на нашите противници, затоа што нив им беше потребна победа од најмалку 6 гола разлика за евентуално да бидат подобри од Чешка и место да играат од 13-16, да играат за пласман од 9-12 место.
Според системот на натпреварување, Македонија и најверојатно Чешка ќе вкрстат со послабите репрезентации од другата група за разигрување, а тоа се репрезентациите на Исланд и Хрватска. Тоа ќе бидат мечевите за пласман од 13-16 место.
Македонија како последна во групата ќе игра против Исланд. Потоа во зависност од резултатот ќе игра со поразениот или победникот од дуелот меѓу Хрватска и Чешка/Србија.
Поврзани вести