РНЛ уште долго заедно со топ пикерот

Германскиот репрезентативен пикер Јаник Колбахер потпиша нов договор со екипата на Рајн Некар Ловен и останува нивни играч до јуни 2026 година.
Колбахер е еден од омилените ракометари кога станува збор за фановите на клубот, а во Манхајм е од 2018 година. 

Рајн Некар Ловен е потенцијален противник на Вардар 1961 во квалификациите за пласман во групната фаза на Европската лига. 
Репрезентацијата на Германија, пак, е противник на Македонија во групната фаза од Европското првенство што ќе се одржи во јануари 2024 година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk