Женската јуниорска репрезентација на Македонија во првата фаза од разигрувањето за пласман од 9 до 16 место ќе игра во група во која покрај Чешка ќе бидат и репрезентациите на Норвешка и на Србија.
Норвешка и Чешка ќе стартуваат со по два бода, репрезентациите на Македонија и на Србија без бодови.
Двете подобропласирани на крајот ќе разигруваат за пласман од 9-12 место, додека другите две за пласман од 13-16 место.
Првиот меч, Македонија ќе го игра утре, против Норвешка, на пладне.
СЛЕДНО КОЛО
11.7.2023
12:00 Македонија - Норвешка
14:15 Чешка - Србија