Бенфика го претстави Филип Талески!

Португалската екипа Бенфика, конечно, го претстави македонскиот репрезентативец Филип Талески за нивно ново засилување за следната сезона. 
Филип Талески (27) стана интернационалец во 2017 кога го напушти матичниот клуб Металург и во следните три сезони играше за РНЛ и Балинген. 
Потоа се врати во Македонија и стана дел од Вардар, со кого освои една шампионска титула, а летово оди повторно во меѓународни води.

Бенфика е екипа која пред две сезони ја освои Европската лига, а откако сезонава не успеа да го повтори успехот, а во шампионатот на Португалија заврши на третото место, сега прави проприлично голем ремонт кој почна со смена на тренерот Чема Родригез на чие место дојде долгогодишниот асистент на Раул Гонзалез - Хота Гонзалез. Тој во еден момент беше и на клупата на репрезентацијата на Македонија, па добро знае за Талески и неговите можности и капацитети. 

Бенфика досега ги претстави Јоав Лумбросо, Мике Јенсен, Кристофер Хедберг, Стивен Валенсија и тренерот Хота Гонзалез. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk