Јуниорките против сребрените од Скопје, каде да гледате?

Женската јуниорска репрезентацијата на Македонија, по вчерашната увертира на која загубија од Црна Гора, денеска во рамките на второто коло од ЕХФ Еуро се среќава со репрезентацијата на Данска. 

Оваа средба ќе се игра со почеток од 16:30 часот, а ќе можете да ја гледате на ehtv.com

Македонија на овој натпревар ќе ја има улогата на аутсајдер. Данска вчера на премиерата лесно со 10 гола разлика ја совлада репрезентацијата на Чешка и најави дека и на ова првенство оди на медал. 

Данската селекција минатата година играше во финалето на кадетското СП во Скопје на кое загуби од Ј. Кореја.
Дури 11 ракометарки од тој состав ќе бидат и денеска на дуелот со репрезентацијата на Македонија. 
Меѓу нив се и двете ол стар ракометарки од мундијалот. Најдобриот левиот бек патем и најдобар стрелец на СП 2022, Јулија Скалионе и голманката Ида Кајстад. 

По овој дуел следи ден пауза и потоа Македонија ќе оди на дуел со репрезентацијата на Чешка, средба на која имаме пореални шанси да освоиме бодови. 
Македонија против Данска ќе настапи со истиот состав од првото коло. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk