Зенга замина од Вардар по две и пол децении

Зоран Петковски Зенга, легендарниот вардаров број „16“ летово фаќа нов курс и по повеќе од две и пол децении се разделува со црвено-црното семејство.

Зоран Петковски Зенга на голот на Вардар стоеше 10 години, освои дузина шампионски титули и Куп пехари, а потоа почна тренерска кариера во клубот. Водеше екипи од разни генерации, беше тренер на голмани и на македонската репрезентација, дел од стручниот штаб на тимот во неколку наврти. 

Разделбата на Зенга со Вардар, не се должи на негов трансфер во друга екипа. Како вели, прво ќе се одмори, ќе размисли што понатаму, потоа ќе видиме што ќе се случи. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk