Огњановски и Савиќ ја комплетираат мисијата ЕОП 2023

Младата македонска судиска двојка, Марко Огњановски и Дамјан Савиќ беа дел од Европското отворено првенство (ЕОП 2023) што се одржува паралелно со најголемиот ракометен турнир - Партиле Куп во Гетеборг.

Нашиот судиски пар ќе суди меч за деветтото место, дуел меѓу репрезентациите на Чешка и Фарски Острови и со тоа ќе заокружи вкупно осум натпревари на кои делеше правда на Европското отворено првенство. 

Дамјан Савиќ и Марко Огњановски влегоа во проектот „ЕХФ Млади Судии“ што е препорака и чекор кон добивање на статус меѓународни судии. Настапот на ЕОП 2023 ќе го збогати нивното резиме и же го забрза овој процес. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk