Динамо го откупи Цупара од Веспрем

Српскиот голман Владимир Цупара кариерата ја продолжува во Динамо Букурешт. Неговиот досегашен клуб, Веспрем, објави дека голманот изразил желба да замине и покрај обновениот договор од декември, а Динамо Букурешт понудил сума за отштета што Веспрем ја прифатил и на крајот на денот сите се задоволни. 

Наскоро Динамо треба да го официјализира трансферот на уште еден играч што играше во Веспрем дел од минатата сезона - Петар Ненадиќ. 

Замена за Владимир Цупара во Веспрем ќе биде Игнасио Биоска, шпански голман кој бранеше за екипата на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk