Нови договори за Лекиќ и Цвијиќ

Екипата на ФТЦ Будимпешта сезонава стигна до своето второ финале во Лигата на шампионите во последните 22 години. Пласман од кои во клубот се секако презадоволни, а нивниот следен чекор беше да ја задржат екипата и за следната сезона. 

Шест ракометарки што играа во финалето во Будимпешта, добија нови договори за престстојната сезона. Меѓу нив се и двете поранешни ракометарки на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ. 
Тие остануваат во зелениот дрес најмалку до јуни 2024.
Другите четири играчи се Кинга Јанурик, Сандра Зачик, Јулија Харшавли и Анет Кишвалуди. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk