Марјан Колев оди една лига повисоко!

Екипата на Курнон Д'Верње (Cournon-d'Auvergne) каде што тренер е македонскиот стратег Марјан Колев следната сезона ќе се натпреварува еден ранг повисоко, во Про Лигата, втората по сила француска лига, која исто како и најсилната е професионална лига. 

Курнон Д'Верње доби право да се пријави во повисокиот ранг следствено резултатите, но и по откажувањето на екипата на Милхаус која нема финасиска и структурно-логистичка инфраструктура за да се натпреварува во професионалната лига. 

Клубот што го води Марјан Колев, се натпреварува 50-тина години, но дури во последните почна да бележи високи резултати за што заслуга има и македонскиот тренер. Сега за прв пат во својата историја, а тоа е за нив голема работа, ќе се натпреварува со вистинските професионалци во една од ракометни најдобро организираните земји во светот. 

Марјан Колев останува на кормилото, сега веруваме со поинаков буџет и амбиции. Минатата сезона во оваа екипа бранеше и голмано Даниел Дупјачанец, но тој веќе не е дел од овој француски колектив. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk