Пасквал се налути: Ќе ја освоиме Европската лига!

Динамо Букурешт е сериозен проект во кој се слеваат сериозни количини на пари од градската каса на романската престолнина. 
Со Хавиер Пасквал на чело на колоната и низа се позвучни имиња во составот, Динамо полека прераснува во клуб што може да цели многу високо. 
Сепак, годинава не добија вајлд карта за ЛШ. Една од причините е што нивната сала ќе се реновира. За утеха останува Букурешт единствениот град што има две екипи во женската ЛШ. 

Лиценцата за ЛШ беше проблем за Романците кои не знаеја како тоа ќе се одрази на клубот. Дали ќе остане Пасквал и дали ќе останат играчите со кои се договараше и преговараше, но низ призма на настапи во ЛШ. 

„Откако дознавме дека нема да играме во ЛШ, имавме состанок со Пасквал“, изјави претседателот на клубот. „Не знаевме дали ќе остане, дали играчите ќе прифатат да играат во ЕЛ место во ЛШ. Пасквал ми рече, таков е спортот, треба да одиме напред. Нема да играме ЛШ, но ќе ја освоиме Европската лига! 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk