Европската ракометна федерација денеска објави ранкинг список на федерациите во кој се пресметани настапите на машките репрезентации на последните три големи натпреварувања.
Битен момент, ЕХФ наласи дека овој список е база по која ќе бидат распределени репрезентациите во различните фази од квалификациите за СП 2025.
На овој список не се пресметани бодови од претстојното ЕП 2024 што ќе се одржи во Германија. Тоа ЕП ќе биде база за распределбата на екипите во квалификациите за ЕП 2026.
Македонија на овој список е на позицијата број 18 со освоени 94 бода, пред Белорусија и Австрија, а зад Чешка.
Ако ЕХФ го испочитува тоа што го објави, дека оваа листа ќе биде базата за определување на местата во квалификациите за СП 2025, а не претстојното ЕП, тогаш Македонија не само што ќе игра еден бараж, туку ќе биде и во првиот шешир.
Претходно пресметавме дека за место во првиот шешир, последното место е број 17. Македонија е 18 на списоков, но пред нас е Русија која нема да биде дел од квалификациите, па така би дошле до позицијата број 17 која ја посакуваме пред распределбата на местата во квалификациите.
Тоа е последната фаза од квалификациите, ждрепката за бараж и без разлика што пишува во оваа информација, базирајќи се на претходните искуства, нема да отвораме шампањ за прв шешир уште сега, туку сериозно ќе ја сметаме варијантата резултати од ЕП 2024 и тамошниот пласман да бидат земени предвид.