ИХФ ги частеше Австрија и Исланд со вајлд карта

Женските репрезентации на Австрија и Исланд добија валјд карта од ИХФ и станаа последните учесници на Светското сениорско првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. 

Немавме илузии дека ќе играме на СП по елиминацијата во баражите од Украина, но сепак, се работи за мундијал и мора да постојат утврдени норми и критериуми по кои екипите добиват специјална покана. 
Конкретно во овој случај, заменски репрезентации од Европа требаше да се добијат според пласманот на последното ЕП, а тоа значеше дека Швајцарија и Македонија се први на списокот како резерви од Европа. 
Но, во моментов валјд карта во ракомет и во европскиот клупски и светскиот репрезентативен е сива зона, па може да се толкува и доделува според моменталната ситуација. 

Ниту Швајцарија, ниту Македонија туку Австрија и Исланд кои воопшто и не учествуваа на последното ЕП се поканети на СП.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk