Цупара и Ненадиќ одат во Динамо

Романскиот Динамо Букурешт и покрај обвиањето од страна на ЕХФ да игра во Лигата на шампионите, продолжува според планот и не само тоа, туку и ќе го забрза процесот на трансфери на играчи во нивниот клуб. 

За Петар Ненадиќ одамна се зборуваше дека ќе биде дел од романскиот клуб, а нему една сезона порано ќе му се приклучи и голманот Владимир Цупара. Двајцата лани играа за Веспрем, но Ненадиќ на полусезона се пресели во ПСЖ како замена за повредениот Никола Карабатиќ. 

Динамо Букурешт обезбеди спонзор кој ќе плати за предвременото доаѓање на Владимир Цупара. Романците испратиле понуда до Веспрем, за која веруваат дека ќе им биде прифатена и трансферот ќе го реализираат во следните часови. 

Поврзани вести