Германија е нов светски шампион

Јуниорската репрезентација на Германија е новиот светски шампион. Денеска во финалето на мундијалот до 21 година, Германците ја совладаа репрезентацијата на Унгарија и го преземаа тронот од Франција која беше шампион во 2019 година. Првенството во 2021 беше откажано поради Ковид.

Германците покажаа уште еднаш дека се можеби најголемите ракометни фанатици. Ја исполнија до последно место „Макс Шмелинг“ арена, а на теренот доминираа цел натпревар. Водеа три гола на полувреме, цело второ полувреме имаа плус пет за конечно да победат со 30-23. 

Имаат и нова ѕвезда - летонскиот ракометар Ренарс Усчинс, десен бек. Тој е син на екс ракометар, Арманд Усчинс и во Германија е од тригодишна возраст. Тој е ракометар на Хановер и ќе слушаме со сигурност уште многу за него. 

Ова е втор пат Германија да го освои Светското јуниорско првенство. Прв пат беа шампиони во 2011 со генерација од која ќе препознате барем двајца играчи - Кристијан Дизингер и Хенрик Пекелер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk