Дарко Георгиевски одново во Франција

Франција одамна е второто дома за македонскиот ракометар Дарко Георгиевски Оса. По настапите за Монтелимар и Белфор, следниот француски клуб за него е екипата на  Енебон Лорис, тим кој сезонава ќе се натпреварува во Третата лига на Франција, со амбиција веднаш да се врати во повисокиот ранг, Национале 1. 

Дарко Георгиевски е продукт на школата на Вардар. Од другавардарова ера, од пред 15-тина години кога Вардар имаше поинаква клупска развојна политика, па со цел за продукција на свои играчи од каде ќе се пополнува првиот тим своевремено беше формиран МРК Вардар.

Георгиевски пред десетина години ја почна интернационалната кариера во која покрај француските клубови играше и Ред Бојс од Луксембург, каде што тренер му беше Данило Брестовац. Довербата што во него ја имаше Брестовац го одведе Георгиевски и на мундијал во Египет 2021. 

Георгиевски во Франција се враќа по кратката авантура во босанската Слобода Тулза, каде се задржа само една сезона.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk