На Светското првенство 2025 директно се пласирани домаќините Хрватска, Данска и Норвешка.
Дополнително, уште три најдобропласирани екипи од ЕП Германија 2024 ќе се пласираат директно на ова СП.
Другите 11 места од Европа, ќе бидат дополнително пополнети преку квалификации.
Квалификациите ќе се одвиваат во неколку етапи.
Македонија е директно пласирана во последната фаза и ќе игра само еден бараж натпревар за пласман на СП 2025.
Покрај Македонија во оваа фаза се пласирани се уште 17 репрезентации што ќе играат на ЕП 2024, додека репрезентациите на Украина, Литванија и Белгија ќе играат еден бараж повеќе.
На овие три тима ќе им се приклучат уште пет екипи што ќе играат две квалификациски кола.
Подвлечено, ќе се формира група од 22 (11 баражи) екипи што ќе играат во финалната фаза од квалификациите за СП 2024. Според пласманот на ЕП 2024 ќе биде одредено која репрезентација ќе биде во првиот, а која во вториот шешир за овие бараж натпревари.
Домаќините претпоставуваме дека ќе бидат во горниот дел, плус три најдобропласирани од ЕП.
Тоа значи дека 17 место на ЕП 2024 ќе носи и пласман во првиот шешир за единствениот бараж за СП.
Вкупно седум, односно, сите четвртопласирани екипи од групите на ЕП и најслабата третопласирана плус четири екипи од претквалификациите ќе бидат во вториот шешир финалниот бараж за СП 2025.
На Македонија во јануари, за да го избегне вториот шешир ќе и биде потребна победа над Швајцарија и колку што се може подобар скор во дуелите со Германија и Франција за да се избегне тоа најслабо трето место. Нашата конкуренција е посилна од сите други на ЕП 2024 и ова нема да биде нималку лесно да се изведе.
Но, шанси постојат, ќе видиме кога ќе дојде јануари како сето тоа ќе изгледа.