Е. Пелистер 2 одбра нов тренер

Е. Пелистер 2 го претстави тренерот кој ќе ја подготвува и води екипата претстојната сезона. Тренер што беше во игра уште од моментот кога Ацо Јовиќ се пресели во првиот тим е нивното решение за следната сезона. 

„РК Еурофарм Пелистер 2 ја ивестува јавноста дека за нов тренер на екипата е назначен Михаил Петровски, долгогодишен ракометар на нашиот клуб, а во последните неколку години тренер во школата на клубот. Минатата сезона оствари успех со кадетската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. 39-годишниот Петровски ќе го наследи Александар Зарков, кој си замина на истек на договорот.

Петровски долги години го носеше дресот на нашиот клуб, играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на екипата. Покрај за матичниот клуб, Петровски настапуваше и за Констанца, Валанс, Архус, Рингстед, Балатонфуреди, Дабас...“, се вели во известувањето на битолскиот клуб. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk