Раул купи данска ѕвезда

Раул Гонзалез со шест години се „мачи“ да го повтори со ПСЖ успехот што го имаше со Вардар во ЛШ. Не му оди добро, минатата сезона беше и на излезна врата, но ПСЖ не успеа да ангажира тренер каков што сакаше, па Раул остана и доби нов договор.

Раул на располагање во имаше и Микел Хансен, но тој во ПСЖ и во данската репрезентација се двајца сосема поинакви ракометари. Микел Хансен си замина, а на неговото место, доаѓа неговиот помлад колега. 
Јакоб Холм веќе стигна до возраст сериозно да се бори за местото на Микел Хансен во репрезентацијата. 

Ракометарот со сличен имиџ како и Микел Хансен, се калеше во Берлин, а од следната сезона до 2026 ќе биде играч на ПСЖ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk