Вардар го откажа турнирот во Охрид, Олимпијакос го менува

Вардар, третопласираниот тим од минатата сезона во македонското првенство, нема да учествува на турнирот во Охрид што ќе се одржи на крајот на август.
Црвено-црните првично прифатија учество, но веројатно го превидоа моментот дека во истиот период се играат квалификациите за Европската лига.
Добрата вест е што Вардар планира да игра Европска лига сезонава, што со други зборови кажано, (ќе) го реши проблемот што го има со ЕХФ поради кои лани не му беше дозволено да игра во Лигата на шампионите. 

Допрва, на 11 јули ќе ги дознаеме сите учесници во ЕЛ за следната сезона, а една недела подоцна е и ждрепката за единственото квалификациско коло. 

На местото на Вардар на турнирот во Охрид ќе настапи грчкиот тим Олимпијакос. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk