Кои дами влегоа во „Куќата на славните“?

Кирил Лазаров вчера беше дел од првите ракометари што добија посебно место во историјата на ракометот, европската „Куќа на славните“. 
ЕХФ во овој прв бран покани само 60 ракометар(к)и. Голем број на светски асови останаа без покана, но тоа не значи дека нема за нив да има место. Ова друштво постепено, веројатно на годишно ниво ќе се проширува се додека ЕХФ не ја заклучи вратата и место групно, да кани индивидуално. 

Видовме кои се членовите во машка, погледнете го списокот и во женска конкуренција. 

ГОЛМАНИ: 
Валери Никола
Јелена Грубишиќ
Сесилија Легангер
Каталин Палингер

ЛЕВИ КРИЛА:
Маја Савиќ
Петра Чумплова
Кристина Рослинг 

ЛЕВИ БЕКОВИ:
Бојана Поповиќ
Нарциса Лекушану
Аусра Фридрикас

СРЕДНИ БЕКОВИ
Анита Гербиц
Камила Андерсен
Нодијалем Мијато
Гро Хамерсенг
Ирина Полторацкаја (Дибирова)

ДЕСНИ БЕКОВИ:
Грит Јурак
Катарина Булатовиќ
Мете Вестергард

ДЕСНИ КРИЛА:
Кристина Варзару
Ирис Морхамер
Стефани Кано
Лин Кристин Ригелут

ПИВОТИ:
Хајди Локе
Људмила Бодњиева
Бегоња Фернандез

ДЕФАНЗИВЦИ: 
Ања Алтхаус
Едуарда Аморим Талеска
Линеа Торстенсон

И на спиоскот на дамите многу познати имиња ќе чекаат покана за следната година или понатаму. Звучни имиња како Наталија Морскова, Наталија Дерепаско, Ања Андерсен, Бојана Радуловиќ, Тоње Ларсен, Луминица Дину...
Зошто да не и некоја од ракометарките на Кометал Ѓ. Петров кој цела деценија во европскиот ракомет беше страв и трепет за сите.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk