Денеска е посебен ден за новиот македонски првак Еурофарм Пелистер. По речиси дводецениска пауза, во прв ред битолчани денеска ќе прогнозираат, навиваа, посакуваат желби. .
Пелистер е дел од ждрепката за Лигата на шампионите која ќе почне од 11 часот во Виена, по што битолчани ќе ги дознаат имињата на екипите што играат против Е. Пелистер. И ќе гостуваат во Битола.
Изборот е богат, дали ќе биде Кил или Магдебург, дали ќе биде Сегед или Веспрем...
Денешната ждрепка ќе биде поинаква од сите досега, а 16 екипи што се учесници во ЛШ ќе бидат поделени во три шешири.
Во првиот ќе има шест екипи, во вториот и третиот по пет.
Екипите сега се рангирани вака:
1. Шешир:
Барса, Кил, ПСЖ, Келце, ГОГ и Веспрем
2. Шешир:
Магдебург, Висла, Монпеље, Сегед и Алборг
3. Шешир:
Порто, Е. Пелистер, ППД Загреб, Колстад и Целје
Процедурата ќе биде следната:
Од првиот шешир ќе бидат извлечени А1 - Б1, А2 - Б2 и А3 и Б3 екипите.
Потоа следи распределбата на екипите сместени во вториот шешир. Тоа вторите екипи од Германија, Франција, Данска, Полска и Унгарија. Без ждрепка, тие ќе бидат директно распределени така да се избегне играње на две екипи од иста држава - во иста група.
Потоа ќе се премине на третиот шешир. Овде одново ќе има ждрепка и ќе се добијат Б6, А7 - Б7 и А8 - Б8.
Две екипи од иста држава нема да можат да играат меѓусебе што значи дека Е. Пелистер ќе игра или против Кил или против Магдебург, понатаму или против Веспрем или против Сегед или против ГОГ или против Алборг и конечно или против Келце или против Висла Плоцк.
Поврзани вести