Е. Пелистер утре ќе дознае против кого ќе игра во ЛШ

Еурофарм Пелистер утре одново ќе ужива во чувството што го носи моментот да си дел од европската елита.
Со почеток од 11 часот во Виена ќе се одржи ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите по што битолчани ќе ги дознаат имињата на екипите што играат против Е. Пелистер, а и ќе гостуваат во Битола, доколку зафатите околу шминкањето на салата бидат успешно комплетирани, навреме. 

Ждрепката што ќе се одржи утре ќе биде поинаква од сите досега, а 16 екипи што се учесници во ЛШ ќе бидат поделени во три шешири. 

Во првиот ќе има шест екипи, во вториот и третиот по пет. 

Екипите сега се рангирани вака:
1. Шешир:
Барса, Кил, ПСЖ, Келце, ГОГ и Веспрем
2. Шешир: 
Магдебург, Висла, Монпеље, Сегед и Алборг
3. Шешир: 
Порто, Е. Пелистер, ППД Загреб, Колстад и Целје

Процедурата ќе биде следната: 
Од првиот шешир ќе бидат извлечени А1 - Б1, А2 - Б2 и А3 и Б3 екипите.

Потоа следи распределбата на екипите сместени во вториот шешир. Тоа вторите екипи од Германија, Франција, Данска, Полска и Унгарија.  Без ждрепка, тие ќе бидат директно распределени така да се избегне играње на две екипи од иста држава - во иста група. 

Потоа ќе се премине на третиот шешир. Овде одново ќе има ждрепка и ќе се добијат Б6, А7 - Б7 и А8 - Б8. 

Две екипи од иста држава нема да можат да играат меѓусебе што значи дека Е. Пелистер ќе игра или против Кил или против Магдебург, понатаму или против Веспрем или против Сегед или против ГОГ или против Алборг и конечно или против Келце или против Висла Плоцк. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk