Европската ракометна федерација го слави јубилејниот 30 роденден и вечерва ќе има голема прослава во Виена на која ќе присуствуваат голем број на гости, ракометари, претставници на ракометните федерации меѓу кои ќе има претставници и од Ракометната федерација на Македонија.
ЕХФ целиот настан што ќе трае неколку часа ќе го пренесува директно на својот
Јутјуб канал (КЛИК ОВДЕ), а гледачите за време на преносот ќе можат да гласаат за најубав гол сезонава, најубава одбрана итн.
Во склоп на прославата ќе биде отворена „Куќата на славните“ во која во прв момент место ќе најдат 60 играчи што оставиле посебен белег во историјата на ракометот. Очекуваме еден од нив да биде и македонскиот ас Кирил Лазаров, но имињата на првите членови на ова најексклузивно друштво не се откриени, па затоа со резерва ќе чекаме да ја видиме разврската.
Вечерва ЕХФ ќе го прогласи и идеалниот тим за 2023 година во машка и женска конкуренција, а ќе биде прогласен и МВП на сезоната и најдобриот млад играч.