Е. Пелистер раскина со Радовиќ

Пред извесно време најавивме, денеска битолскиот клуб официјализираше. Е. Пелистер и капитенот Мирко Радовиќ следната сезона продолжуваат секој по својот пат. 
Црногорското крило играше важна улога во клубот додека беше овде и стигна до капитенската лента, која му овозможи да го крене шампионскиот пехар пред полната сала. 

„Мирко Радовиќ е омилен ракометар во нашата средина, меѓу ракометарите и навивачите и неговиот квалитет и енергија секогаш ќе ни недостигаат. Во него имавме лидер, страстен професионалец и пример за помладите. Вратите во нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Мирко Радовиќ и клубот на посебна манифестација ќе му се заблагодари за петте незаборавни години. 
Црногорскиот репрезентативен капитен со Еурофарм Пелистер освои една Суперлига, два Суперкупа на Македонија, го водеше нашиот клуб низ европските и регионалните успеси и вгради победнички дух кој ќе ни биде водилка низ кариерата“, објави во своето соопштение Еурофарм Пелистер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk