-
25.06.2023
-
Вести, Трансфери
Трансферот на најдобриот шпански голман, Гонзало Варгас од Барса во Кил станува сѐ поизвесна работа. Кога прв пат оваа информација се појави во јавноста, се чинеше невозможна затоа што Гонзало Перез де Варгас е дете на Барса и еден од најкорисните играчи во светот во моментов.
Но, во целото спортско друштво се кратат буџетите, а тука најпогодени ќе бидат кошаркаркиот и ракометниот колектив. Од тие причии Барса се откажа од ангажманот на Артјом Каралек во моментот кога Келце побара повеќе пари. Слична приказна се плете и околу Лука Циндриќ кој е „замолен“ да си замине, но Хрватот засега не сака да си оди.
Сега на ред е Перез де Варгас, а на сумирањето на резултатите и сезоната, беше кажано:
„Варгас има уште две години од договорот и најверојатно ќе остане и следната година кај на. Но, ако добие понуда од Кил што ние не можеме да ја стигнеме и клубот биде обесштетен, тогаш ќе може да замине“.
Со други зборови, Барса е спремна да преговара. Варгас не е ефитна аквизиција, напротив можеби ќе се рушат рекорди околу отштетата. Каталонците подвлекоа дека имаат два екстра голмани (Емил Нилсен) и дека заклучно со кратењето на буџетот, не можат толку многу пари да затворат само на голманската позиција.
Поврзани вести