Бутел Скопје се засили со голман

Бутел Скопје продолжува полека да ги склопува парчињата од мозаикот за следната сезона. Денеска скопскиот клуб се пофали дека потпишале договор со искусниот струмичанец Александар Стојаноски кој се враќа во Македонија откако бранеше во Искра од БиХ. 

Стојаноски настапуваше за Зомимак во неговите најдобри денови, кога екипата беше вицешампион на Македонија и учесник во СЕХА шампионатот. Има играно и за екипите на Младост Богданци, Борец, Струга, Охрид, Јуниор КВ, Тиквеш и  последно за босанската Искра Бугојно.

„Чест и задоволство е да е носи дресот на Бутел Скопје, клуб што секоја година е во врвот на македонскиот ракомет. Клубот го краси одличната атмосфера, другарство и борбата на терен, па секој би сакал да дојде овде. Имаме одличен млад тим, а заедно со тренерот Горан Кузманоски кој е желен за работа и успеси, верувам дека сите заедно ќе напредуваме и ќе ја оствариме зацртаната цел на клубот, вели Стојаноски

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk