Шест месеци одмор за Гисли?

Гисли Кристијансон го дислоцираше шутерското рамо на полуфиналниот меч во Келн, на кој Магдебург ја елиминираше големата Барса. 
Се очекуваше негова долга пауза, но по 15 минути игра во финалето, тој истрча на терен и ја заработи и шампионската и МВП наградата од Ф4. 

Сега кога страстите се смирија, Магдебург бара опција како побрзо да го реши проблемот со неговото раме, кое веќе трет пат излегува од лежиштето. Одговорот е - операција. И тоа ќе биде извршена деновиве.
Паузата засега не е одредена, но тренерот Вигерт објави дека се спремаат за шестмесечна пауза на исландскиот ас. Неговото следно појавување на терен треба да биде на Европското првенство во Германија во јануари следната година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk