Со цел да ја направи поинтересна и да ги избегне многуте заштити од играње на две екипи од иста земја во иста група, ЕХФ измисли комплетно нов систем за ждрепката во Лигата на шампионите.
Ждрепката што ќе се одржи на 27 јуни ќе биде поинаква од сите досега, а 16 екипи што се учесници во ЛШ ќе бидат поделени во три шешири.
Во првиот ќе има шест екипи, во вториот и третиот по пет.
Екипите сега се рангирани вака:
1. Шешир:
Барса, Кил, ПСЖ, Келце, ГОГ и Веспрем
2. Шешир:
Магдебург, Висла, Монпеље, Сегед и Алборг
3. Шешир:
Порто, Е. Пелистер, ППД Загреб, Колстад и Целје
Процедурата ќе биде следната:
Од првиот шешир ќе бидат извлечени А1 - Б1, А2 - Б2 и А3 и Б3 екипите.
Потоа следи „извлекување“ од вториот шешир и ќе се добијат екипите А4-Б4, А5-Б5 и А6. Тоа во суштина нема да биде извлекување. Во овој шешир се сместени вторите екипи од Германија, Франција, Данска, Полска и Унгарија. Според тоа, екипите ќе бидат директно распределени така да се избегне играње на две екипи од иста држава - во иста група.
Потоа ќе се премине на третиот шешир. Овде одново ќе има ждрепка и ќе се добијат Б6, А7 - Б7 и А8 - Б8.
Две екипи од иста држава нема да можат да играат меѓусебе што значи дека Е. Пелистер ќе игра или против Кил или против Магдебург, понатаму или против Веспрем или против Сегед или против ГОГ или против Алборг и конечно или против Келце или против Висла Плоцк.
Поврзани вести