СП У21: Им требаа 45, победија со 50 гола разлика!

Светското јуниорско првенство влезе во атрактивната фаза во која се играат мечевите за пласман во Главна рунда. Тоа подразбира и математики и елиминации на познати имиња. 

Прва што се збогува со главната рунда е Норвешка. Тие загубија со 11 гола разлика од Данска и со 9 гола разлика од Унгарија. Денеска со Аргентина играат за пласман на третото место во групата. Засега не видовме знаци дека норвешките ракометни заљубеници и душегрижници ќе се наоружаат со секири, мачеви и слични викиншки реквизити и да тргнат во лов на селекторот и претседателот на федерацијата. 

Денеска со главната рунда ќе се збогуваат или Словенија или Бахреин, екипи што вчера одиграа нерешено. На Бахрен денеска му беше потребна победа од 45 гола разлика над Гренланд за да има подобра гол разлика од Словенија. 
Бахрен го совлада Гренланд со 50 гол разлика (63-13) и сега Словенија мора да биде непоразена на дуелот со објективно поквалитетната, но веќе пласирана Шведска. 

Франција и Полска ќе играат за пласман во главната рунда, откако Хрватска во пракса си го визираше патот кон главната рунда. 

ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД СП У21

Photo credit: ihf.info
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk