Бек од Нигерија во ГРК Тиквеш

ГРК Тиквеш денеска имаше со што да ја изненади македонската ракометна јавност. Кавадарчани објавија дека потпишале договор со Обина Ани (28), десен бек од Нигерија. 
Обина Ани е нигериски репрезентативец кој во Кавадарци доаѓа од Зенит Санкт Петербург. 

Во Русија беше првиот бек од Нигерија, но во Македонија прв кој потпиша со нигериски бек е Бутел Скопје. Во 2019, тие се договорија со Јусуф Фарук, исто така десен бек кој воопшто и не се појави одново во Македонија, туку потпиша за Келце од каде што е позјамен на Гранољерс, а во Шпанија израсна во вистинска ѕвезда. 

Какви се квалитетите на Обина Ани, допрва ќе бидеме сведоци, во се поегзотичната Суперлига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk