Урош Борзаш го засилува Е. Пелистер

Српскиот бек Урош Борзаш е новиот играч на Еурофарм Пелистер. Овој 23 годишен лев бек во Битола ќе дојде од редовите на норвешкиот Елверум. 
Претходно, како суперталентиран играч беше селектиран од Веспрем. По две сезони минати во Веспрем замина во Татабања, а потоа се пресели во Тулуз од Франција, од каде пак замина за Елверум. 
Сега дојде ред за нов трансфер и доаѓа во Битола, каде што ќе има шанса повторно да го почувстува шармот на Лигата на шампионите.

Урош Борзаш во текот на квалификациите за ЕП 2024 се наоѓаше во најавните шпици, откако го постигна победничкиот гол за Србија на дуелот со Норвешка, гол постигнат со звукот на сирената по кој овој 23 годишен играч стана преку ноќ познат во цела Европа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk