Четири играчи продолжија со Тиквеш

Димитар Коцев, Евгениј Темелкоски, Славчо Шулески и Никола Стефановиќ се четирите играчи кои ги продолжија договорите со македонскиот претставник во ЕХФ Куп, ГРК Тиквеш од Кавадарци. 
Претходно со кавадаречкиот состав договорот го продолжи Страхиња Симиќ, а ново име е крилото Мирко Мајиќ. 

Неколку играчи, меѓу кои тројца странци, Јагош Брауновиќ, Арнад Хамзиќ и Лазар Петровиќ. 

ГРК Тиквеш ќе има полни раце работа да најде замени за овие тројца ракометари, но со оглед на тоа дека се работи за клуб што има стабилна финансика рамка, ангажманот на нови ракометари не би требало да биде жежок проблем. Но, понудата и не е толку голема, па ги чека доста планирање, следење и комуникација за да состават тим посилен од ланскиот кој треба да игра улога не само на домашната сцена туку и во ЕХФ Куп.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk