Како би изгледала ЛШ, а како Европската лига?

Ждрепката за Лигата на шампионите е закажана за 27 јуни и дотогаш ќе ја имаме комплетната листа на носители. Во меѓувреме трае процесот на пријавување на екипи за Европската лига, барања за учество во повисок куп и тоа ќе трае до 4 јули. На 11 јули ќе биде познато кои екипи ќе учестуваат во Европската лига. Кои директно, а кои ќе играат квалификации. 
Подоцна, на 18 јули ќе биде извршена ждрепката за квалификациите, а на 21 јули ждрепката за групната фаза од натпреварите. 

Со оглед на тоа дека го знаеме ранкингот на земјите во ЛШ и во Европската лига, како и нивните претствници во ЛШ и ЕЛ, направивме симулација за тоа како би изгледале шеширите во ЛШ и кои екипи директно ќе играат во групната фаза на Европската лига. 

Според ранкингот на првите 10 држави во ЛШ, носителите би изгледале вака:
1. Шешир: Барса и Кил
2. Шешир: ПСЖ и Веспрем
3. Шешир: ГОГ и Келце
4. Шешир: Порто и Е. Пелистер
5. Шешир: Целје и Магдебург

Во ЛШ ќе играат и екипите на ППД Загреб, Колстад, Висла Плоцк, Пик Сегед, Монпеље и Алборг. Tие требаше да играат во Европската лига, но добија вајлд карти. Ако следиме и натаму според ранкингот, тогаш: 
6. Шешир: ППД Загреб и Колстад
7. Шешир: Монпеље и ПИК Сегед 
8. Шешир: Алборг и Висла Плоцк

Ова е распределбата според ранкингот на државите. Но, дали така ќе постапи и ЕХФ ќе видиме наскоро. 

Како ќе изгледа групната фаза од Европската лига, базирано според рејтингот на државите и најавата на на ЕХФ дека во групата ќе има 16 екипи од 16 држави. 
Во продолжение екипите во ЕЛ според ранкингот на државата. 

1. Фуксе Берлин - Германија
2. Спортинг - Португалија
3. Нант - Франција
4. Жабже - Полска
5. Фредериција - Данска
6. Нексе - Хрватска
7. Кристијанштат - Шведска
8, Кадетен Шафаузен - Швајцарија
9. Куенка - Шпанија
10. Горење - Словенија
11. Алкалоид - Македонија
12. Татабања - Унгарија
13. Линц - Австрија
14. Бистрица  - Словачка
15. Динамо Букурешт - Романија
16. АЕК  - Грција

Според ова Алкалоид би бил во ист шешир со екипите на Куенка, Горење, Татабања, Линц, Бистрица, Динамо Букурешт и АЕК и не би играл со нив во групната фаза. 
ЕХФ не објави доволно детали за да можеме да изведеме заклучок дали екипите како што се Нант, Жабже, Фредериција и Нексе го добиваат местото на Монпеље, Висла, Алборг и ППД Загреб кои добија унапредување во ЛШ. 
Ако не ги добијат, тогаш овие екипи ќе играат во квалификации и комплетната слика ќе се промени, а Алкалоид ќе напредува четири позиции напред и ќе биде во првиот шешир.
Засега, првата опција е поверојатната комбинација. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk