Денеска се играат натпреварите од второто коло од Светското првенство во машка конкуренција, до 21 година што се одржува во Германија и Грција.
По вчерашните дерби мечеви меѓу Хрватска и Франција (28-27) и Данска - Норвешка (33-22), денеска понудата е скромна. Скромна во поглед на тоа дека играат главно фаворити против аутсајдери, а би ви препорачале од 18:00 часот, доколку сте во можност да го погледнете мечот Германија - Тунис.
Ако, пак, сакате да видите колку и како игра новиот играч на Вардар, Португалецот Нилтон Мело, ќе можете да погледнете на натпреварот Костарика - Португалија што почнува во 13:15 часот.
Да ви олесниме во потрагата, Нилтон Мело игра во дрес со број 33.
Денеска играат:
12:15 Исланд - Чиле
13:15 Костарика - Португалија
14:30 С. Арабија - Египет
15:30 Либија - Алжир
17:00 Грција - Куба
18:00 Германија - Тунис
19:15 Мароко - Србија
20:15 Бразил - Кувајт
Сите натпревари се стримувани и можете да ги следите со клик на линкот подолу.
ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД СП У21 ГЕРМАНИЈА/ГРЦИЈА