Бутел ангажираше бек од Србија

Екипата на Бутел Скопје ангажираше лев бек од екипата на Металопластика од Србија. Трансферот денеска го објави скопскиот клуб, информирајќи дека се работи за едногодишен договор. 

„Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Лука Иваниќ е нов ракометар на Бутел Скопје, откако се обврза на едногодишна верност со нашиот клуб, со можност договорот да биде продолжен за уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката“, напишаа во известувањето бутелчани.

Бутел прави поголем ремонт сезонава, заминаа тренерот и неколку ракометари. Ангажиран е Горан Кузманоски Таста за нов тренер, а сега почнуваат да го пополнуваат и ростерот на тимот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk