Миркуловски останува, но Вецлар носи нов тренер

Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски нема да ја преземе клупата на Вецлар наредната сезона. Миркуловски ќе остане како и досега асистент и ќе го пече занаетот чекајќи да види што ќе донесе иднината. 

Вецлар денеска се договори со нов тренер. Тоа е Франк Карстенс, тренер што сезонава го водеше Минден, екипа што испадна во понизок ранг во директната трка со Вецлар. 

Колку ќе биде Вецлар амбициозен следната сезона ќе покаже времето, но изборот на новиот тренер не дава некои јасни оптимистички сигнали дека ќе биде многу поразлично од годинава. Покрај Миркуловски со кого клубот ги оствари најважите победи во битката за опстанок, во Вецлар игра и македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Тој има уште една година од договорот со Вецлар. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk