Романците беснеат, „криви“ им се и Колстад и Пелистер

Одлуката на Европската ракометна федерација да го изостави Динамо Букурешт од списокот на учесници во Лигата на шампионите следната сезона ги начека со спуштен гард во Букурешт. 
„Минатата година ја минавме групната фаза, а го имаме и најдобриот тренер на светот на клупата“, пишуваа романските медиуми пред денешното прогласување, прилично убедени дека овие два аргументи ќе бидат додадена вредност на критериумите и дека сигурно ќе добијат место во Лигата на шампионите. 

Но, тоа не се случи, а одлулата најшокантно ја прими „Проспорт“. 

„Ова е голема неправда, премнгу сме мали“, коментираше претседателот на романскиот клуб. Весникот, пак, додава: 
Динамо нема игра во ЛШ. Таму ќе игра Колстад, кој дојде на масата со богатите. Во ЛШ ќе игра дури и скормниот Е. Пелистер кој дури не може ни да игра на свој терен. Иако тие го искористија моментот што Македонија има подобар коефициент“, коментира романскиот новинар. 

Разбирлива е нивната фрустрација, меѓутоа зад одбивањето на Динамо има и една оснвана и силна причина. Романскиот медиум вели дека Е. Пелистер нема да може да игра дома, што е процес што ќе видиме како ќе заврши, има пред битолчани доста градежна работа пред „Боро Чурлевски“ да добие зелено светло. 
Но, се реновира и „Поливалента“ во Букурешт, па така Динамо не би можел да игра во Букурешт од јануари, туку планира да игра во Питешти. 
Еден компромис веќе направи ЕХФ кој валјд карта му додели на женскиот тим Рапид Букурешт, кој ЛШ ќе игра во Миовени, поради реновирањето на Поливалента. 

Романските медиуми пишуваат дека Пасквал (неодамна го одби ПСЖ) останува тренер на Динамо, но не се знае што ќе биде со играчите со кои преговараше, а со кои има само усмен, начелен договор. Неиграњето во ЛШ, може сериозно, негативно да влијае на овој процес. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk