Динамо и Пасквал извисија за Лига на шампиони!

Европската ракометна федерација денеска објави дека екипите на ППД Загреб, Алборг, Монпеље, Колстад, ПИК Сегед и Висла Плоцк добија валјд карта за настап во Лигата на шампионите следната сезона. 

Тие ќе се приклучат на екипите на Барса, Кил, Магдебург, Веспрем, ПСЖ, Келце, Е. Пелистер, Порто, Целје и ГОГ. 

Екипите на Динамо Букурешт, Кристијанштат, Кадетен Шафхаузен и Спортинг кои бараа место во ЛШ, следната сезона ќе играат во Европската лига и следствено сите ќе бидат директно пласирани во групната фаза од натпреварите. 

Исходот е прилично очекуван, со тоа што нашите предвидувања се поклопија во пет од шесте валјд карти. Очекувавме Динамо Букурешт да добие покана затоа што таму нагло почна да се вложува повеќе пари во машкиот ракомет, Хавиер Пасквал е респектабилно тренерско име, екипата им се прилично силна, а ланската сезона успешна. 
Но, со овој потег, ЕХФ можеби и го уништи романскиот проект, затоа што се поставуваше прашањето дали Пасквал ќе остане тренер доколку Динамо не добие место во Лигата на шампионите. 

Екипата на Колстад е добитник на посебната покана, едната валјд карта што ЕХФ има право да ја додели надвор од критериумите. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk