Jуниорско СП, кои се новите ѕвезди, каде да гледате?

Првото Светско јуниорско првенство за ракометари до 21 година, што се одржува со 32 репрезентации стартуваше денеска на терените во Германија и Грција. Географски неприродна коалиција за одржување на спортски настан, но ИХФ оцени дека е изводливо, па така имаме мундијал што се одржува во Германија и во Грција. 

Светското првенствно неминовно ќе извади нови ѕвезди во ракометниот спорт, така било така и ќе биде. Но, пред да наброиме кои играчи се најголемиот потенцијал во овој спорт, мораме да кажеме дека играчот што вреди 1.000.000 евра нема да игра на ова СП. 
Франциско Кико Кошта (18) и неговиот брат Мартим Кошта (20), не се во составот на Португалија на овa првенство. Би рекле, прескапи, предобри, веќе оформени. Нема потреба да го зафаќаат местото на некој потенцијал. На Португалија, создавањето на играчи и е поважно од резултат на младинско првенство. 
Екипата, сепак, ја предводи многу добар играч, Андре Соуса. Го гледавме во Скопје во 2019 како кадетски репрезентативец. И новиот вардарови играч., Нилтон Мело, ќе игра на ова СП. Денеска во победа од 35-21 над Кувајт, постигна само еден гол.


Од тие што ќе играат ќе ги издвоиме новиот бек на Кил, Елијас Елефсен а Скипаготу и Вест Ав Тејгум, новото крило на Фуксе Берлин. 

За репрезентацијата на Унгарија игра натурализираниот Зоран Илиќ. Десен бек кој летово од Веспрем се сели во Хамбург. Тоа е играч на кој треба да се обрне внимание. 

Официјална потврда, уште еден Србин, уште еден десен бек, Александар Цениќ, играч на Барса, нема да игра за Србија, пријавен е во составот на Шпанија. 

Ренарс Ушчинс, летонски десен бек кој игра за репрезентацијата на Германија е уште еден ракометар за кого ако имате можност да гледате, би препорачале да обрнете внимание. 

Томас Арнолдсен од Данска, Митја Јанц од Словенија и Доминик Кузмановиќ од Хрватска ги додаваме на овој список на потенцијално (по)големи ѕвезди. 


Натпреварите од Јуниорското СП, можете да ги гледате на следниот линк

СП ЈУНИОРИ 2023



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk