-
19.06.2023
-
Вести, Актуелно
За време на финалето во Лигата на шампионите, во 48 минута од мечот на медија трибината почна драма, во која полски новинар се онесвести, а подоцна и почина.
Германските медицински служби веднаш го изолираа со завеса местото на кое се одвиваше драмата, а натпреварот беше во прекин 13 минути.
Германскиот „Билд“ открива, дека за тоа време тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт му пришол на Талант Душебаев со понуда да го завршат мечот. Во тој момент, резултатот беше 22-20 за Келце, што значи дека полскиот тим ќе станеше шампион. Германскиот тренер, немаше ништо против.
„Отидов кај Талант и му реков. Да ја завршиме средбава. Има поважни работи во спортот. Ќе го прифатиме резултатот и вие ќе бидете шампиони“, изјави Вигерт за Билд.
Полскиот тим одбил и по 13 минутен прекин, средбата продолжи и заврши со победа на Магдебург од 30-29.
„Тоа што се случи, покажува колку блиску се едно до друга среќата и тагата. Каква игра игра животот. Со понизност гледам кон се што се случи. И многу, многу ми е жал. Мое искрено сочувство до семејството на починатиот новинар од Полска. Тоа е сѐ што можам да кажам“, изјави Вигерт по натпреварот за германскиот медиум.