Шоуто заврши, шоуто може да почне

Келн е градот во кој се испишуваат најубавите ракометни бајки. Градот во кој фаворитите ја губат својата моќ, а екипите што доаѓаат како аутсајдери, својата хемија ја претвораат во победнички ритам. 
Доказите за тоа се бројни. Почнувајќи од Хамбург во 2013, потоа Келце во 2016, па Вардар во 2017 и 2019, Монпеље во 2018 и сега Магдебург во 2023. Сите овие клубови се запишаа во посебната историјата на Лигата на шампионите, удирајќи по темелите на двајцата најголеми во светот на ракометот, Барса и Кил. Особено Барса која е некаков предзнак. Нема шампионска титула освен таа на Монпеље во 2018 каде што првакот не се сретнал со каталонскиот џин. 

Годинава Магдебург со победата во полуфиналето го најави својот голем поход кон титулата. Денеска, дизајнерите ја везат новата четврта ѕвездичка на логото на клубот. Магдебург е една од екипите што со ѕвездичка ја одбележува шампионската титула во ЛШ, а досега имаше три (1978, 1981, 2002). 

Кој би рекол, екипата која лани стана шампион на Германија, но од која заминаа Јаник Грин (ПСЖ), Магнус Гилеруд (Алборг), а во текот на сезоната остана и без најдобриоt стрелец Омар Инги Магнусон, а во текот на сезоната се повредуваа Гисли, Бергеруд, Сагуструп... ќе стигне до последната станица. Но, Келн е градот во кој се испишуваат најубавите ракометни приказни. 

Шоуто заврши, шоуто може да почне. 

МАГДЕБУРГ:
Од шампионскиот состав на Магдебург заминуваат Марко Безјак (Нексе), Кај Смитс (Флензбург), Пјотр Храпковски, Маик Јенсен (?), Владан Липовина (Ал Кадасја, Кувајт).
Доаѓаат нови имиња, а тоа се голманот Сергеј Ернандез од Бефика, Албин Лагергрин од РНЛ, Феликс Клар (Алборг). 
На хартија би рекле дека ќе се посилни од годинава. Ќе играат во ЛШ, но годинава на нивниот грб ќе има нацртана мета - сите ќе играат со 100 насто за да го победат шампионот. А во Келн, никој освен Барса не ја одбранил титулата. 

КИЛ:
Прв претставник на Германија во ЛШ ќе биде Кил, а од оваа екипа заминуваат Никлас Ландин (Алборг), Сандер Сагосен (Колстад), Миха Зарбец (Висла Плоцк) и Јаник Фрац (се враќа од позајмица во Бергишер). 
Нови имиња во Кил се Елијас Елефсен а Скипаготу (Савехоф) и голманот Винсен Жерар од Ст. Рафаел.
Ако вака остане, многу послаб ќе биде Кил од досега. 

ПСЖ: 
Заминуваат: Даинис Криштопанс (Мелзунген) и Хенрик Тофт Хансен (Морс Ту)
Доаѓаат: Кент Робин Тонесен (Веспрем) и Рубен Марчан (Нант). 
И ПСЖ изгледа послаб од тековната сезона, дури и со враќањето на Никола Карабатиќ на терен. 

БАРСА:
Заминуваат: Лудовик Фабрегас (Веслрем), Лука Циндриќ*, Луиш Фраде *
Доаѓаат: Хаиме Гаљего (Торелевага), Хавиер Родригез (Ла Риоха)
Ако заминат Циндриќ и Фраде, Барса ќе биде значително ослабена во поглед на сезонава. 

ВЕСПРЕМ:
Заминуваат: Мануел Штрлек (Нексе), Расмус Лауге (Бјерингбро), Зоран Илиќ (Хамбург), Петер Лукач (Елверум), Адриан Шипос (Мелзунген)
Доаѓаат: Иго Деска (Монпеље), Сергеј Косоротов (Висла), Агустин Касадо (Мелзунген), Лукас Сандел (Алборг), Лудовик Фабрегас (Барса).
Веспрем ќе биде многу посилен од ланската сезона и на хартија веројатно ќе го има најсилниот тим во Лигата на шампионите. 

ГОГ Гудме:
Заминуваат: Николеј Крикау (тренер, Флензбург), Симон Питлик (Флензбург), Лукас Јоргенсен (Флензбург), Јери Толбринг (Берлин), Нејц Цехте (Е. Пелистер)
Доаѓаат: Арон Менсинг (Флензбург), Антон Линдског* (Флензбург), Александер Блонц (Сегед), Линус Персон (Нант).
Во ГОГ доаѓаат добри играчи, но прашање е дали може во една сезона да се заменат Питлик, Јоргенсен, Толбринг и особено тренерот Крикау? Веруваме дека ќе бидат послаби од лани. 

КЕЛЦЕ: 
Заминуваат: Матеуш Корнецки (Порто), Мигуел Мигаљон (Бенфика*)
Доаѓаат: Хасан Кадах (Замалек), Сандро Мештриќ (Рибница), Милош Валах (Гдањск), Ноа Зубац (Гвардија Ополе)
Трансферираат: Стефан Додиќ (Целје), Пјотр Једрашчук (Пјотрковиа), Јоав Лумбросо (Лимож)
Од толку купи-позајми играчи, а крајот на финалето на ЛШ останаа зависни од Симон Сичко и Дани Душебаев. Келце нема многу да се смени, но доаѓа египетската гол машина Хасан Кадах, бек каков што им требаше во финалето. 

ПОРТО:
Заминуваат: Себастијан Францен (Фредериција)
Доаѓаат: Матеуш Корнецски (Келце)
Порто очигледно уште не е влезен уште во процесот на менување на играчи, така што смената на вториот голман, нема да донесе ништо посебно. 

ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО
Заминуваат: Алекс Влах (Алборг), Матиц Сухолежник (ППД Загреб), Тилен Стрмљан (Хановер)
Доаѓаат: Рок Запоншек (Луцерн), Грега Кречиќ (Чурго), Урош Миличевиќ (Рибница), Ник Чирович (Оромож), Лука Периќ (Борац Бања Лука), Стефан Додиќ (ППД Загреб/Келце) 
Целје веројатно ќе биде послабо за нијанса од лани, иако целокупното ниво на нивниот тим нема генерално да биде променето. Можеби ќе изненадат некого, но нема да играат важна улога во ЛШ. 
ЕХФ треба наскоро да ги објави и имињата на шесте клубови што ќе добијат вајлд карта, кога ќе го стори тоа, ќе објавиме и комплетна трансфер листа на сите 16 екипи, вклучително и на нашиот Еурофарм Пелистер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk