Полски новинар почина за време на финалето на ЛШ

Тажна и вознемирувачка вест пристигна од Келн. За време на финалниот меч меѓу Магдебург и Келце, на полски новинар му се слоши на медија трибината. Медицинските служби веднаш реагираа, а мечот беше прекинат десетина минути. 
Полскиот новинар беше пренесен во болница, од каде што по завршувањето на натпреварот стигна и трагичната вест дека реанимацијата не успеала и дека новинарот починал. 

Починатиот новинар е Павел Котвица (51), новинар кој 30 години работел во спортската рубрика на полскиот весник „Echo Dnia“. ЕХФ и Келце го потврдија трагичниот настан, а прес конференцијата беше откажана штом се дозна за случајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk