Барса ја доби „ревијата“ со ПСЖ

БАРСА - ПСЖ  37-31 (22-13)
Јанц 7, Н'Гесан 5, Ване 5, Ричардсон 5 - Н'Танзи 7, Шипжак 7

Барса е освојувач на третото место на годиншениот Фајналфор, откако денеска премногу лесно го доби мечот со францускиот ПСЖ. 
Очекувавме поголема борба на дуелот на двата најзвучни бренда, но не добивме ништо од тоа. Добивме ревијален, егзибиски натпревар во кој доминираше Барса. 
Средбата имаше израмнет почеток, така беше до резултат 6-6, а потоа следеше серија од 8-0 за Барса, водство од 14-6 по што натпреварот до крајот беше лабав, без исклучувања, без одбрани и со понекој убав гол и голманска интервенција, кои сепак, во недостаток на резултатски возбудувања не измамија вистински реакции од трибините. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk