Гисли има дислоцирано раме

Магдебург е во финале на ЛШ, подвиг уште поголем ако се има предвид дека ја елиминираа големата Барса во полуфиналето. 
Цената за пласманот на последниот меч сезонава беше висока. На нешто помалку од четири минути до крајот, еден од најдобрите играчи на Магдебург, Гисли Кристијансон беше во пробив. Лудовик Фабрегас со турна, изгуби баланс и налета директно на столбот на одбраната на Барса, Тиагуш Петруш. 
По ова остана да лежи, целиот тим беше околу него, подоцна на раце беше изнесен од терен. Се знаеше дека е нешто „страшно“. За овој дуел немаше ни опомена, ниту исклучување, судиите оценија дека се било во ред, а имаа време и да ја ѕирнат ситуацијата. 
Дијагнозата стигна, дислоцирано раме, за белјата поголема - шутерското раме и Гисли Кристијансон кому ова е трета посериозна повреда иако има само 23 години, повторно подолго време ќе паузира. 

„Не мора да објаснувам што значи дислоцирано шутерско рамо“, изјави тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт. „Очекуваме Гисли долго време да биде надвор од теренот. Опустошени сме со оваа повреда. Но, се сигурни сме  дека ќе се врати и повторно ќе биде на терен. Тој е дел од иднината на клубот“, изјави Вигерт. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk