Денеска е финале на ЛШ, каде да гледате?

Келце или Магдебург? Кој ќе биде новиот првак на Европа и ќе ја однесе премијата од 1.000.000 евра? Вечерва од 18:00 часот во Лансксес Арена во Келн ќе се води решавачката битка за најпрестижниот клупски трофеј. Актери се полскиот шампион Келце и сега веќе бившиот првак на Германија. 

Во Келн, нема фаворити. Шансите на хартија се на страна на Полјаците, особено по повредата на Гисли Кристијансон заработена во полуфиналето, но Келн не би бил Келн, ако таму секогаш победува екипата што на хартија е посилна. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:00 часот, а ТВ пренос ќе има на Арена Спорт 2 Премиум. 

Увертира за големото финале ќе биде дуелот на две од најзвучните - Барса и ПСЖ. Вообичаено мечот за трето место важи за полабав, но тоа трае до првиот свиреж. Потоа, почнува битката. Барса и ПСЖ веруваме нема да разочараат. 
Оваа средба се игра со почеток од 15:15 часот, а директен ТВ пренос ќе има на ТВ Арена Спорт 2 Премиум. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk