-
17.06.2023
-
Вести, Актуелно
Кадетскиот тим на Алкалоид, македонските државни прваци, се победници на вториот меморијален турнир „Марко Божиновски“ што се одржува во чест на прерано починатиот македонски ракометар и репрезентативец. Годинава на турнирот учествуваа екипите на Алкалоид, Коњух, Е. Пелистер, Бутел Скопје, Голден Арт и Аеродром.
Временските услови не му се погодија на второто издание на турнирот, па натпреварите се играа во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, пред полни трибини.
Во вечерашното финале, Алкалоид по втор пат на турнирот беше подобар од единствениот странски тим, екипата на Коњух од БиХ. Конечниот резултат е 26-25, изборен во резултатски интересна завршница.
Претходно, Алкалоид во полуфиналето го елиминираше тимот на Бутел Скопје (27-16), додека Коњух беше подобар од Е. Пелистер (34-28).