ПСЖ пак не успеа, Келце е во финале на ЛШ!

ПСЖ - КЕЛЦЕ  24-25 (14-16)
Стеинс 6, Криштопанс 4, Пранди 4 - А. Душебаев 6, Каралек 5

ПСЖ под водство на Раул уште еднаш остана со празни раце кога е во прашање Лигата на шампионите. Годинава беа блиску до пласман во финалето, но на спротивната страна имаше една препрека преку која не можеа - Андреас Волф. 

Полуфиналето меѓу Келце и ПСЖ беше сосема поинаков меч од Магдебург - Барса. Не беше ова ракомет многу убав за гледање, но вистинските заљубеници во спортот имаа можност да видат еден поинаков вид убавина. А тоа е како Гебала, Каралек и Наи со голема поддршка од Волф се бранат од Французите и на спротивната страна како Криштопанс, Лука Карабатиќ, Тофт Хансен прават ѕид пред Андреас Палицка. 

Имаше елементи на рагби, џудо, виртуозност од Стеинс, проектили од Пранди, но главните ѕвезди беа имењаците Волф и Палицка. 
Резултатски израмнето, Келце главно го контролираше резултатот, но во вториот дел со серија од 4-0, ПСЖ поведе 21-20. Веднаш потоа следеа две гола на Келце и одново брканица на семафорот, која заврши со гол од пенал за Келце за 25-24 и неуспешен обид на ПСЖ да стигне до продолжетоци. Благодарение на Волф кој одбрани зицер на Стеинс, а потоа и последниот шут на Пранди. 

Утре во битката за трето место ќе ги видиме ПСЖ и Барса (15:15), а во големото финале (18:00) ќе играат Магдебург и Келце. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk