Келце веќе води 1-0 против екипите што денеска ќе се појават на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.
Сино-жолтите од Полска имаат најголема армија на навивачи пред Ланксес Арената и прават атмосфера што ќе го одбележи тековниот фајналфор.
Салата во Келн има капацитет од 20.000 гледачи и најголем дел од нив се Германци и Магдебург како единствен домашен германски тим ќе има ветер во грб, но најголем број на фанови, сепак, не дојдоа од Магдебург, туку од Полска.
Над 1500 навивачи на Келце се во Келн и го обоија плоштадот пред салата во жолта боја.